Деловно работење во Југоисточна Европа, 2008 година
Извештајот Деловно работење (Doing Business) во Југоисточна Европа, 2008 година го споредува деловното законодавство во седум економии во Југоисточна Европа, во четири клучни области: основање на бизнис, работење со дозволи, регистрација на имот и спроведување на договори. Студијата дава споредливи податоци за 22 града кои можат да поттикнат реформи на државно и локално ниво и да ја подобрат динамиката на реформите во регионот. Извештајот покажува дека разликите меѓу правилата и практиките на локално ниво или примената на регулативите на државно ниво можат да ги подобрат или ограничат деловните активности. Севкупно, во Битола е најлесно да се започне со бизнис (види Табела 1). Извештајот сугерира дека градовите во Југоисточна Европа можат да научат едни од други и да ги усвојат добрите практики кои веќе функционираат во регионот, со што конкурентноста ќе се унапредува со забрзано темпо. Доколку еден град би ги усвоил сите постојни најдобри практики во Југоисточна Европа (види Табела 2), би се нашол на 9-то место меѓу 178-те економии кои ги испитува Doing Business, и би бил во рангот на Ирска и Канада.
Главни наоди:
- Во регионот има голем број на добри практики кои се однесуваат на основањето на бизнис. Брзиот и едноставен процес за регистрација на бизнис во Валона (Албанија), е споредлив со 25-те највисоко рангирани градови во светот во поглед на овој индикатор. Меѓутоа, овие практики не се конзистентни низ регионот. Времето потребно за регистрација на бизнис е од седум дена во Валона и Скадар до 61 ден во Мостар ). Разликите во цените се дури и по изразени, со опсег од 3,9% од приходот по глава на жител во Битола до 79,4% во Призрен.
- Дозволите за градење се скапи насекаде во регионот на Југоисточна Европа, со просек на 1427% од приходот по глава на жител, што е повисоко од најголемиот број на региони во светот и во голем број од новите земји членки на Европската унија. Барањата на локално ниво ги создаваат разликите во постапките за добивање на дозволи поврзани со градењето. Истото најлесно се врши во Осијек со 13 постапки, а најтешко во Загреб со 24 постапки; обата града се во Хрватска.
- Регулаторната рамка за регистрација на имот е слична во земјите во регионот, но потребното време, трошокот и бројот на постапки се разликуваат поради локалните административни практики и надоместоци (види Табела 3). Лицата во седумте економии претставени во извештајот трошат четири пати повеќе време од Словенците или Бугарите и плаќаат шест пати повеќе од претприемачите во Полска за префрлање на право на имот. Косово е најефтината економија во поглед на трошокот за регистрирање на имот – 0,8% од вредноста на имотот во Призрен и 0,9% во Приштина. Истото во најголема мерка доаѓа како резултат на фиксен надоместок за данок за пренос на имот.
- • Во регионот се забележителни долги постапки за спроведување на договори. Одолговлекувањата се должат на голем број на заостанати предмети во судовите и недоволниот број на судии. Меѓутоа, градовите не треба да ги бараат најдобрите практики надвор од регионот. Најефикасниот град е Зрењанин (Србија) со 300 дена, а постапката е иста како во Соединетите Американски Држави и покуса од таа во Данска.
|
|
|
* Согласно Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации (1999 год.), Косово е под управа на привремената административна мисија на Обединетите Нации на Косово (УНМИК).



Doing Business во Југоисточна Европа (